Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Од:

Унгарија и САД ќе договорат пакет економска соработка што ќе и помогне на унгарската економија и ќе ги ублажи последиците од можните царини на САД против Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан, долгогодишен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека економскиот пакет ќе го продлабочи веќе постоечкиот политички сојуз меѓу Унгарија и САД.

Унгарскиот премиер истакна дека таков договор ќе и помогне на Унгарија дури и ако избие трговска војна меѓу САД и Европската Унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека неговата администрација наскоро ќе објави воведување тарифи од 25 отсто за производите од Европската Унија.

„Унгарија ќе претрпи загуби (во трговската војна), исто како и сите земји-членки на Европската Унија. Сè уште не знаеме колкави ќе бидат овие загуби, но сигурно е дека ќе има такви“, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон и дека пакетот мора да може да ги ограничи или целосно да ги неутрализира ефектите од евентуална трговска војна.

– Унгарските власти веќе преговараат за обновување на даночниот договор на двете земји, кој беше раскинат од претходната американска администрација, рече Орбан.

Другите делови од договорот ќе и помогнат на Унгарија „да ги надомести загубите предизвикани од американските царини наметнати на Европа и да обезбеди компензација, и во монетарна и во реална економска смисла“.

Директната трговска изложеност на Централна и Источна Европа кон САД е ограничена.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Гренланд предупредува: Подгответе се за инвазија, подгответе резерви од храна и вода

Горан Наумовски

Иран со порака до САД и со закани за Трамп: „Ќе ве уништиме“

Горан Наумовски

Трамп: На Папата треба да му се каже дека Иран уби 42.000 невини демонстранти

Трамп го прогласи Ормускиот теснец за „трајно отворен“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

ВИДЕО: САД протераа кинески танкер од Ормутскиот теснец