Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Од:

Стотици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја откако тропската бура Алфред, иако слабее, донесе силни ветрови, обилни врнежи и предупредувања за поплави во областа.

Според соопштението на австралиската компанија за дистрибуција на електрична енергија Енергекс, околу 316.540 луѓе во југоисточен Квинсленд останале без струја, а градот Голд Коуст е најпогодената област со повеќе од 112.000 луѓе без струја, пренесува Ројтерс.

Невремето стигна до брегот на Квинсленд во саботата како „тропска бура со низок интензитет“. Најсилните удари на невремето го заобиколија главниот град на Квинсленд, но бурата ја почувствуваа жителите на јужниот дел на државата и Нов Јужен Велс.

Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека „ситуацијата во Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс останува многу сериозна поради поплавите и силните ветрови“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Ајкула долга пет метри уби 35 годишник во Австралија

А1он

Албанезе побара од граѓаните да почнат да користат јавен превоз