Ѓоковиќ: Се мачам да играм на посакуваното ниво

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се мачи да одигра на посакуваното ниво, откако беше елиминиран во второто коло на турнирот во Индијан Велс.

„Очигледно работите беа поинакви за мене во последните неколку години. Се мачам да играм на посакуваното ниво. Имам неколку добри турнири од време на време, но главно тоа е вистински предизвик. За мене тоа е борба“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Ѓоковиќ рано утринава загуби од 85-то рангираниот холандски играч во светот, Ботик Ван Де Зандсхулп со 2:6, 6:3, 1:6. Тоа беше негов прв натпревар на овогодинешниот Индијан Велс.

„Во извесна смисла, претпоставувам дека ништо не може да ве подготви за тој момент. Мора да го доживеете тоа и да се обидете да се снајдете на најдобар можен начин“, додаде Ѓоковиќ, кој го претрпе третиот последователен пораз сезонава.

„Првите три, четири гема од третиот сет беа прилично блиску. Имав шанси, имаше страшни грешки. Не знам, кога ќе погледнам наназад на овој меч, гледам дека можев да направам малку повеќе, но тој одигра навистина добри брејк топки на мој сервис. Не требаше да го дозволам тоа“, додаде тој.

Ѓоковиќ е рекордер со 40 титули на Мастерсот, пред Шпанецот Рафаел Надал со 36 и Швајцарецот Роџер Федерер со 28 титули.

Српскиот тенисер на Мастерсот има остварено 409 победи и 91 пораз, додека Надал има 410 победи и 90 порази.

Ван Де Зандсхулп во ждрепката влезе како лесен аутсајдер, а во третото коло ќе игра против Аргентинецот Франциско Серундоло.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го победи Фриц и обезбеди полуфинале на УС Опен против Алкараз

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на УС опен: Добар сум, млад и силен како и секогаш

А1он

Ѓоковиќ преку анонимен Американец стигна до третото коло на УС опен

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ рутински се пласираше во второто коло на УС опен

А1он

Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман

Ѓоковиќ во трка да сруши уште еден рекорд на Надал и Федерер

А1он