Муцунски како министер ја ангажирал истата фирма на која како градоначалник и дал 11 тендери обвинува СДСМ

Од:

Ја разоткриваме мрежата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој го оживува проектот Скопје 2014 за повторно испумпување на пари од буџетот заедно со нови тендери од унгарскиот кредит.Според достапните информации, Министерството за надворешни работи потпишало договор за изградба на челична настрешница во вредност од речиси 550.000 евра. Договорот за настрешницата е склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен понудувач на тендерот, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Оваа компанија има долга историја на односи со Муцунски. Фирмата добила дури 11 тендери во Аеродром вредни два милиони евра. Додека тој бил градоначалник на Општина Аеродром, истата компанија добила договор вреден 335.000 евра за хигиенски и комунални услуги. Дури го добила и оној тендер за реконструкција на скверот позади ТЦ Капитол, вреден околу 700.000 евра каде на почеток на работите присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски. Или вкупно, само преку бизнисот со општина Аеродром, речиси четири милиони евра завршиле кај оваа компанија. Има и тендери со други општини, меѓу кои со Гази Баба каде во мандатот на ДПМНЕ добила осум тендери. СДСМ бара итна истрага од надлежните институции за коруптивните зделки на министерот Тимчо Муцунски, утврдување одговорност од сите вмешани во оваа шема. И одговор на клучното прашање: Каде завршуваат парите од унгарскиот кредит, рече Кузеска.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ