Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе работи „конструктивно“ со американскиот претседател Доналд Трамп за да се постигне „брз и траен мир“ и потврди дека украинско-американските разговори ќе се одржат следната недела во Саудиска Арабија.

Зеленски вечерва рече дека прв приоритет за завршување на војната во Украина е прекин на огнот на небото и прекин на огнот на море.

Како што истакна во објавата на социјалната мрежа Х, можен е брз напредок кон мир, а Украина и нејзините партнери заедно разбираат кои чекори можат да ја запрат војната, да гарантираат безбедност и да обезбедат траен мир.

Би можело да ве интересира

Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Захарова: Зеленски мисли дека е центар на западниот политички свет

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Трамп: Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Трамп: Пуштете ја нафтата да тече, договорот со Иран е завршен

Горан Наумовски