Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Од:

Сите 27 лидери на земјите-членки на самитот во Брисел вечерва ги поддржаа заклучоците за зајакнување на европската одбрана, додека заклучоците за Украина ги поддржаа 26 од нив, со исклучок на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Текстот за Украина ја содржи реченицата „силно поддржана од 26 земји-членки“. Оваа реченица е додадена во текстот на заклучоците, но не е дел од заклучоците, објаснуваат од Европскиот совет.

По усвојувањето на заклучоците, лидерите ја продолжија дискусијата за Украина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се смета за најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Орбан се залагаше европскиот блок да ги поддржи преговорите меѓу САД и Русија.

Дописникот на Sky News, Сиобан Робинс, рече дека ставот на Орбан за заклучоците за Украина бил добро познат пред почетокот на состанокот. Унгарскиот премиер дури напиша и отворено писмо во кое посочи дека не може да гарантира дека ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно.

Во заклучоците на Европскиот совет за одбрана се нагласува дека Европа мора да стане „посуверена, поодговорна за својата одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со сегашните и идните предизвици и закани“ и предупредува дека војната во Украина и нејзините последици за европската и глобалната безбедност во променлива средина претставуваат егзистенцијален предизвик за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Жестока украинска одмазда по рускиот масовен напад

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Интервјуто што ја „разниша“ Украина: Зеленски откри повеќе отколку што требаше