Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп

Од:

Американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи со испораките на оружје за Киев дури и ако Украина го прифати договорот за минерали и дека одлуката е на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој рече дека украинската страна била информирана дека средбата во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде фокусирана на склучување договор за минерали, пренесува АП.

Келог рече дека средбата „заминала по погрешен пат“ кога Зеленски, наводно, се обидел да го убеди Трамп да застане на страната на Киев.

Зеленски, кој инсистираше на тоа дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции пред прекинот на огнот со Русија, подоцна рече дека е подготвен да го потпише договорот.

Сепак, Келог рече дека не може да гарантира продолжување на испораката на оружје дури и ако Зеленски го прифати договорот и дека одлуката ќе ја донесе Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118