САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД го уапсиле „главниот терорист одговорен“ за нападот на аеродромот во Кабул во 2021 година, кого Белата куќа го идентификуваше како Мухамед Шарифулах.

За време на неговото обраќање пред Конгресот, тој потсети на 13-те американски војници убиени во самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Кабул за време на повлекувањето од Авганистан во 2021 година, нарекувајќи го повлекувањето под администрацијата на Џозеф Бајден „катастрофално и неспособно“.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, кој присуствуваше на обраќањето на Трамп, објави на социјалните мрежи дека апсењето е „чекор поблиску до правдата за американските херои и нивните семејства“.

Висок американски функционер изјави дека пакистанските власти го уапсиле Шарифулах, познат како Џафар, кон крајот на минатиот месец на границата меѓу Авганистан и Пакистан, пренесе АП.

Американските агенции за спроведување на законот, вклучително и ФБИ, го испрашуваа Шарифула во текот на викендот и тој ја призна својата улога во нападот на аеродромот во Кабул во 2021 година, како и нападот на ИСИС-К во Москва во март 2024 година и неколку напади во Иран, според АП.

Во двоен самоубиствен бомбашки напад на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, Авганистан, на 26 август 2021 година, загинаа 170 авганистански цивили и 13 американски војници.

Би можело да ве интересира

Трамп за Иран: „Тие повеќе не се агресори на Блискиот Исток“

Иранците ја користат секоја можност да му се потсмеваат на Трамп, за наплата за премин низ Теснецот му рекоа: „Ќе бидеме фер“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Америка изведе жесток петчасовен напад на повеќе градови во Иран

Катерина Ѓуровски

Трамп најави нов напад: САД ќе ја преземат контролата врз Ормускиот теснец

Горан Наумовски

Почина влијателниот сенатор и сојузник на Трамп Линдзи Греам

Кан: Израел сака да го нападне Иран, но чека зелено светло од Трамп