Сијарто: Европските лидери се обединуваат против Трамп, војната лесно може да ескалира

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека западноевропските лидери се обединуваат против американскиот претседател Доналд Трамп и дека продолжувањето на провоената политика може да предизвика сериозна штета на континентот.

Според него, унгарската влада, која веќе петнаесет години води политика слична на онаа на американскиот претседател, остро се спротивставува на ова, се вели во соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи, пренесе порталот Мандинер.

„Унгарија веќе петнаесет години води антиимигрантска, про-семејна, про-мировна, конзервативна, патриотска политика насочена кон остварување на националните интереси, слична на она што претседателот Доналд Трамп им го вети на САД. Значи, ние сме Трамп веќе петнаесет години“, рече Сијарто пред средбата со американскиот државен секретар Марко Руби.

Би можело да ве интересира

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хегсет: Не напаѓаат затоа што сме ефикасни, но тоа нема да им помине

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп