Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека неговата земја и Велика Британија предлагаат еднонеделен делумен прекин на огнот меѓу Русија и Украина што ќе се применува „во воздух, во море и во однос на нападите врз енергетската инфраструктура“, но нема да вклучува борби на теренот.

Ројтерс пренесува дека Макрон ја дал изјавата за францускиот весник „Фигаро“ на денот кога учествувал на самитот во Лондон со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го свика британскиот премиер Кир Стармер за да ги зајакне напорите за постигнување мировен договор за Украина.

– Во случај да се постигне прекин на огнот, ќе ни биде тешко да утврдиме дали тоа се почитува долж линијата на фронтот, рече Макрон.

Тој објасни дека должината на линијата на фронтот во Украина одговара на растојанието меѓу Париз и Будимпешта.

Шефот на Елисејската палата рече дека, според француско-британскиот предлог, европските копнени трупи ќе бидат распоредени во Украина само во втората фаза.

– Нема да има европски војници на украинска територија во наредните недели. „Прашањето е како ќе го искористиме тоа време за да се обидеме да постигнеме прекин на огнот, со преговори кои ќе траат неколку недели, а потоа, откако ќе се потпише мирот, распоредување на војници“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски