ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега

Од:

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција. ЈО Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези. Судиите под закрила на СДС го штитат и Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали на тој начин му прават простор за да може да избега, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери. СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење. Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС.

Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот. Судиите под закрила на СДС го штитат Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали му прават простор да може да избега?

Корумпираните судии, клиентелсти на СДС кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој расшетувал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.

Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој расшетувал опасни затвореници низ Скопје, со државни средства наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство? Кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија. Во Македонија неопходна е транформација на судскиот систем, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски