Бузлуџа, необичен споменик од времето на социјализмот во Бугарија, кој денес е запуштен, се уште е приказ на импозантниот дух на старите времиња.
Над целиот простор блеска прозорец во форма на црвена ѕвезда, во чест на советска Русија.
Декорот бил раскошен, мешавина од мермер и стакло, вклучувајќи и 500 метри квадратни мозаик во величенствената сала, со кој биле прикажани бугарски и советски комунистички теми.
Бузлуџа е најголем идеолошки споменик на комунизмот во Бугарија. Го проектирал архитектот Георги Стоилов, а во изградбата, што траела седум години, биле вклучени повеќе од шест илјади работници. На ентериерот 18 месеци работеле 20 водечки бугарски уметници.
Универзално очекуваната донација од секој граѓанин во земјата собра поголем дел од средствата, потребни за изградба на оваа имресивна структура, која конечно е отворена во 1981 година, на 1.300-та година од основањето на бугарската држава.
По падот на комунизмот Бузлуџа е напуштена и стана цел на вандалски напади. Повеќето уметнички дела се отстранети или уништени, но и натаму стои бетонската конструкција.