(ВИДЕО) Кузеска: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Од:

Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева. Од друга страна, за огромен број скандали поврзани со високи владини функционери не се презема ништо, власта ги штити по секоја цена.

Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на Скопскиот аеродром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска….Сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон. СДСМ повторува. Секој обид за политизација, политички прогон или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста и затоа СДСМ јавно ќе се спротивстави на тоа, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време