Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Од:

Поради прекинот на огнот со Русија, третина од Украинците – 32 отсто – се подготвени да се откажат од можноста за членство во НАТО, додека секој петти или 23 отсто е подготвен да се откаже од идејата за влез во Европската Унија, покажува истражувањето на компанијата Рејтинг.

Според истражувањето на украинскиот портал Страна, во замена за прекин на огнот со Русија, 21,1 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени на територијални отстапки.

За да се дозволи рускиот јазик да биде официјален на одредени територии се изјасниле 13,7 отсто од испитаниците, а уште 3,5 отсто од граѓаните изразиле подготвеност да се намали бројот на армијата.

Според истражувањето, доколку во блиска иднина се одржи референдум за пристапување на Украина во НАТО или ЕУ, 68,1 отсто од испитаниците би гласале за влез на Украина во ЕУ на соодветниот референдум, додека 21 отсто би гласале против.

Анкетата е спроведена од 3 до 9 февруари, а на прашањата одговориле вкупно 2.000 испитаници на возраст над 18 години.

Испитаниците можеле да изберат неколку одговори на прашањата за иднината на земјата по завршувањето на војната, а 35 отсто од нив не можеле да дадат конкретен одговор.

Како одговор на овие прашања, 53 отсто од Украинците се изјасниле за независен развој и потпирање на сопствените ресурси, 39,2 отсто го поддржале курсот за влез во ЕУ, а 3,7 отсто се изјасниле за обнова на односите со Русија.

Резултатите од анкетата спроведена од социолошката група „Рејтинг“ на почетокот на оваа година покажаа дека 64 отсто од анкетираните Украинци на териториите контролирани од Киев ги поддржуваат директните преговори со Русија, додека во јануари 2024 година 38 отсто од анкетираните ги поддржале таквите преговори.

Би можело да ве интересира

Реакција на рускиот предлог за средба со Зеленски: Путин продолжува да ги лаже сите, нуди неприфатливи предлози

А1он

Се пожали на руската ароганција: Зеленски најавува „асиметричен одговор“ кон Русија

Лавров ги кажа руските „црвени“ линии за мир во Украина

Мерц контра Урсула фон дер Лајен: „ЕУ не може да испрати војници во Украина“

Нов руски напад врз Украина, тревога во Полска и НАТО командата

Зеленски: Путин е во Кина додека силите се собираат на фронтовската линија