Завршија годинашните ископувања на неолитската населба Велушка Тумба

Од:

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Битола ги завршија годинашните археолошки ископувања на неолитската населба Велушка Тумба во село Породин, Битолско, соопшти Министерството за култура.

Од почетокот на годинава, на овој локалитет археолозите открија наоди кои ќе ги  збогатат научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба. Пронајден е богат движен инвентар: керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници.

Првите истражувачки активности на неолитската населба Велушка Тумба се почнати во 1953 година.

Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска