САД: Можеби нема смисла Зеленски да дојде доколку нема конечна верзија на договорот

Од:

Ако нацрт-договорот меѓу Украина и САД за минералите со ретки земји не биде финализиран, тогаш поканата до украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп „можеби нема смисла“, изјави неименуван претставник на Белата куќа за Ројтерс.

„Има очекување дека неговото доаѓање значи конечен став (за договорот), а според него тој не е во конечна позиција“, рече функционерот.

Зеленски претходно денеска изјави дека не може да потврди дека ќе се сретне со Трамп во петок во Вашингтон, додавајќи дека „тимовите сè уште работат на тоа“, пишува Укринформ.

Би можело да ве интересира

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“