Авторитаризмот се засилува низ светот: Македонија е делумно слободна, останува на 67. место според Фридом Хаус

Од:

Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди невладината организација Фридом Хаус, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот во својот годишен извештај.

Македонија останува во редот на делумно слободни земји. Се наоѓа на 67. место исто како и минатата година.

Во извештајот се забележува дека и покрај негативните трендови, има неколку случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија.

Во овогодишното рангирање на Фридом Хаус, непрофитна организација финансирана од американската влада, две земји добија статус на слободни: Сенегал и Бутан, хималајското кралство кое ја консолидира својата транзиција кон демократија преку избори.

Организацијата со седиште во Вашингтон, ја оценува состојбата на слободата во секоја земја користејќи систем на поени од нула до сто, со тоа што колку повеќе поени има земјата, толку е послободна. Во зависност од тоа колку поени добива една земја, таа спаѓа во една од трите категории: слободни земји, делумно слободни и неслободни.

Би можело да ве интересира

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Извештај на „Фридом хаус“: Северна Македонија забележала напредок, но и поларизација

Македонија останува „делумно слободна земја“ според Фридом хаус

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

Ана Ололовска