Си ги уби двете мали деца, па си пресуди

Од:

Германската полиција утринава пронајде тела на три лица во куќа во градот Нојмарк, во провинцијата Саксонија. Меѓу загинатите има и две мали деца – петгодишно момче и неговата двегодишна сестра.

Како што јавуваат германските медиуми, полицијата ја прими пријавата околу 8 часот и 30 минути, по што на местото на злосторството пристигнаа инспектори од криминалистичката полиција и полициската управа во Цвикау.

Според досегашните информации, децата ги уби нивниот татко, кој потоа се самоуби со бесење во станот.

Засега не е познат мотивот за злосторството.

„Овој вид на трагедија ги шокира сите, особено нас кои сме родители. Моите мисли се со семејството и сите погодени во овој мал град“, рече Томас Хениг, локален функционер на ЦДУ.

Полицијата ја продолжува истрагата за утврдување на сите околности на овој трагичен настан.

Би можело да ве интересира

Внук ги уби баба му и дедо му, па избега

А1он

Поранешен висок функционер e пронајдено мртов во Москва

Горан Наумовски

Двојно убиство во Цетиње – ликвидирани членови на Шкаљарскиот клан

А1он

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

Велешката полиција соопшти нови детали од убиствата на Росица Коцева и на нејзиниот татко