(ВИДЕО) СДСМ на Мицкоски му предаде документи за скандалот со вицепремиерот Меџити

Од:

Предаваме документи до самопрогласениот главниот државен обвинител, кадија и врховен судија. Денеска ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Еве ги тие документи коишто до нас се доставени од свиркачи и кои се од државни институции, со архивски броеви, печати и потписи. Овде јасно е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето, дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Според ова наведено во овие документи, во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и административните процедури, што отвора сомнежи за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прочита, да ги разгледа внимателно и да одговори на сите овие сомнежи за злоупотреби и можна корупција. Ајде да видиме сега дали нешто ќе преземе премиерот со овие докази во рака. Дали ќе ги повика надлежните институции да реагираат, или Мицкоски ќе продолжи да го штити Изет Меџити – нагласи Кузеска.


Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина