Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите

Од:

Украина може да стане членка на Европската Унија (ЕУ) пред 2030 година, доколку продолжи со реформите со ова темпо, изјави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

– Украина прави добар напредок, можеби ќе стане членка пред 2030 година, ако продолжи со оваа брзина и со овој квалитет, рече Фон дер Лајен за време на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Скај њуз.

Зеленски претходно изјави дека членството на Украина во ЕУ и НАТО може „во голема мера“ да помогне во идно „оддалечување“ од Русија.

Би можело да ве интересира

Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва

Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

Кремљ: Велика Британија долева масло на огнот во украинскиот конфликт

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез

Москва: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ

Екс портпаролката на Зеленски: Украина е земја што крвари – треба да моли за мир

А1он