СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

Од:

Ја разбираме нервозата на тандемот СДСМ-ДУИ, што доаѓа по последователните скандали кои секојдневно се откриваат, а кои го изнесуваат на виделина нивното катастрофално владеење. Ја разбираме оваа загриженост, која се појавува во време кога ова Министерство и оваа Влада за неколку месеци реализираат проекти со буџети што тандемот СДСМ-ДУИ ги нема спроведено долги години во нивното неспособно владеење, велат од Министерството за животна средина и просторно планиеање во реакција на обвинувањата од опозициските партии за незаконско работење на министерот Меџити.

– Власта на СДСМ и ДУИ е синоним за лошо управување на државата и масовна корупција, која им го отежна животот на граѓаните во секоја област.

СДСМ и денеска со својата прес-конференција ја покажа неспособноста да чита и разбира документи, како што не знаеше да ги чита потребите на граѓаните во последната деценија на владеењето со ДУИ.

Замислете, тандемот СДСМ-ДУИ што злоупотреби стотици милиони евра од државата за време на КОВИД-кризата, енергетската и инфлациската криза, тандемот што даде лиценци на 20 фабрики за марихуана, стотици казина во секое маало, со вицепремиери на црни листи, се обидува да создаде тема од една административна постапка која самата СДСМ со ДУИ ја имаат поставено и која ние ја елиминираме.

Министерството за животна средина и просторно планирање е транспарентно и отворено за секое истражно тело или медиум што сака да ја провери ситуацијата.

Реакциите на СДСМ и ДУИ доаѓаат во време кога Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со Државниот инспекторатот за животна средина, секојдневно откриваат безброј скандали од претходната власт, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација