Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

Од:

Лидерот на коалицијата ЦДУ/ЦСУ Фридрих Мерц првпат се обрати до јавноста по затворањето на гласачките места во Германија, во 18 часот.

Според првичните резултати, неговата партија води убедливо со 29 отсто од гласовите.

„Победивме на овие федерални избори во 2025 година“, рече тој пред насобраните поддржувачи.

„Морам да им порачам на нашите гласачи дека им благодарам што ја дадоа довербата во нас и во мене лично. Знам што значи тоа и колкава е одговорноста“, рече тој.

Тој потоа објасни дека коалицијата мора брзо да се формира.

„Сега ќе разговараме меѓу себе што е можно поскоро, мора заедно да формираме одржлива влада во Германија, влада која ќе може да работи врз основа на мнозинство“, рече Мерц.

Би можело да ве интересира

Голем сајбер-скандал во Германија: Хакери објавија украдени податоци од Берлин

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Русија и Германија дополнително ги заоструваат односите: германски дипломат повикан во Москва

Москва негира вмешаност во инцидентот во Лајпциг, Путин ја обвини Германија за подметнување докази

Германија на удар од нова саботажа: Напад во близина на Келн