Реакција од министерството: Изет Меџити ги има сите овластувања да управува со институциите

Од:

Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција.

Изет Меџити, како министер за животна средина и просторно планирање, Демократско движење и коалицијата ВЛЕН, ги има сите овластувања од граѓаните, Законот и Уставот да управува со институциите, со полн капацитет и со проекти кои се реализираат за доброто на граѓаните низ целата држава, а не како што тоа го направи ДУИ за збогатувањето на нивната врхушка и нивните семејства, а врз грбот на Албанците.

ДУИ не може да се согласи со тоа што Изет Меџити за 6 месеци во влада реализира проекти кои не ги ни размислувале 22 години.

Демократската унија за интеграција за 22 години не разбра дека владините органи како што се министерствата, не се раководат со архивирани писма, туку од закони и Уставот. Ова не го научија 22 години на власт, но сега во опозиција имаат можност да научат како се води државата.

Мандатот ќе го продолжиме со корекција на погрешните 22-годишни политики на ДУИ, кои оставија лузни на сите институции на локално и централно ниво.

На опозициската ДУИ им останува единствената надлежност луѓето од американската црна листа да продолжат да ги контролираат нивните канали за комуникација со јавноста.

Конечно, во однос на надлежностите кои ги споменува ДУИ, ги потсетуваме дека овластувањата над инспекторатите што им беа одземени пред 10 години, оваа влада ги врати во различните министерства каде што припаѓаат, за кои ДУИ не се осмели тогаш да каже ниту една реченица, поради страв да не ги изгуби придобивките на група луѓе од нивната купола. Овие инспекторати сега се повторно под надлежност на министерствата, со одлука на актуелната влада.

Би можело да ве интересира

Лукас се враќа во Скопје: Парите ќе ги донираме на семејствата во Кочани, Владата да не се секира сите документи ќе ги носиме, па и тоалетна хартија

Предраг Петровиќ

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

Предраг Петровиќ

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг