Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Од:

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс, верувале или не, се уште игра тенис и на 45-годишна возраст ќе се појави на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс.

Поранешната најдобра тенисерка на светот кариерата ја започна далечната 1994 година, а 31 година подоцна ќе ја гледаме на турнирот во Индијан Велс.

Вилијамс моментално се наоѓа на 974. место во светот, а покана и упатија организаторите на турнирот во Индијан Велс кој се одржува од 2 до 16 март.

Седумкратната Грен слем победничка минатата година настапи на два турнири, во Индијан Велс и Мајами, а двата пати беше елиминирана во првото коло.

Таа во Индијан Велс ја нокаутира Нао Хибино по камбекот со 2:6, 6:3, 6:0, а во Мајами ја совлада Дијана Шнајдер со 6:3, 6:3.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Пет часа борба и драма: Зверев го преживеа „пеколот“ и продолжи понатаму

Горан Наумовски

Венус Вилијамс елиминирана на стартот, Свитолина со убедлива победа на УС Опен

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите