Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Од:

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „не е добро информиран“ за војната во Украина.

Брекелманс рече дека смета дека изјавите на американскиот претседател се загрижувачки бидејќи тие шират дезинформации, објави NL Times.

„Треба да се погрижиме фактите да останат јасни во целата дискусија за Украина. И ова е таков факт: (рускиот претседател Владимир) Путин е диктатор, Путин ја нападна Украина, а не обратно“, рече Брекелманс.

Би можело да ве интересира

Трамп го нервира поместувањето од летно на зимско време: Доста е овој апсурд

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина и ќе примени побрутални методи против западната машинерија

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

Севастопол e без струја по украинските воени напади

Трамп: Јас само ги следам упатствата на Тајната служба и војската