Зеленски треба „веднаш“ да ја напушти Украина

Од:

Володимир Зеленски треба „веднаш“ да ја напушти Украина и да се пресели во Франција за да не ги наруши мировните преговори со Русија, изјави извор близок до американскиот претседател Доналд Трамп. Како што пишува Њујорк Пост, во Белата куќа расте фрустрацијата со Зеленски.

Тензиите меѓу Вашингтон и Киев ескалираа оваа недела откако Зеленски го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на периодот на дипломатско раздружување со Русија.

Во вторникот, американските и руските претставници се состанаа во Саудиска Арабија на разговори на високо ниво со цел обновување на врските и решавање на украинскиот конфликт.

Зеленски побара место на преговарачката маса, иако Трамп рече дека тој и другите украински функционери не се во позиција да се жалат. Тој дополнително го обвини Зеленски за неуспехот да го реши конфликтот со Русија и покрај тоа што имал години да го стори тоа.

Би можело да ве интересира

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина