Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Од:

Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен, изјави денеска претседателот на СНСД, Милорад Додик, нагласувајќи дека затоа оваа политичка партија ќе поддржи смена на министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ од Советот на министри.

– Претседателството на БиХ е „избркано“ од надворешната политика, бидејќи дејствува лично. Личните постапки на Конаковиќ и другите бошњачки претставници доведуваат до колапс на довербата во институциите, рече Додик на прес-конференција по седницата на Главниот одбор на СНСД.

Додик нагласи дека личните постапки го поткопуваат Уставот на БиХ и можноста државата да продолжи да функционира.

– Ваквите акции и политички притисоци се дел од континуитетот од постоењето на Република Српска. Тоа го трпеа сите поранешни претседатели на Република Српска, од Радован Караџиќ, Мирко Шаровиќ, Никола Поплашен, Билјана Плавшиќ, до актуелните претставници на највисоките институции во Република Српска, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Интерпол рече дека тоа е политички прогон, но тоа не е доволно за политичко Сараево

Интерпол повторно одби да издаде потерница по Додик

Додик: Шмит ја води БиХ во авантура и затоа државата се распаѓа

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик