Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Од:

Поранешниот европски шампион во бокс, Германецот Марио Дасер (36) бил ранет во пукотница во Белград.

Престрелката се случила утринава околу 4 часот на улица „Кнез Данилова“, германскиот боксер бил со М.А. (31) кој исто така бил ранет.

Дасер бил однесен во ургентниот центар со две прострелни рани во ногата.

„Се трага по две засега непознати лица кои утринава околу 4 часот пукале кон оштетените на улица Кнез Данилова“, вели дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство на Белград.

Марио Дасер има импресивен учинок од 14 победи на 14 борби од кои седум со нокаут. Во 2017 година ја имаше европската ВБО титула.

Тој е познат не само по неговите успеси во спортот туку и поради неговиот стил и начин на живот. На Инстаграм има 770.000 следбеници.

Би можело да ве интересира

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он