ДУИ: Етничко исклучување во тајните служби на Македонија

Од:

Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија. За првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција — директор, заменик-директор или помошник-директор — во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Военото разузнавање, не е во рацете на Албанците, велат од ДУИ.

„Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација против заедница што претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на државата. Напротив, ова е намерно, добро осмислено исклучување, чија цел не е само маргинализацијата, туку оживување на опасна менталност која со децении ја перцепираше албанската популација како „внатрешен непријател“.

Веродостојните информации што зборуваат за масовно вработување на десетици, ако не и стотици, неалбанци на клучни позиции во тајните служби се доказ дека ова не е обичен административен процес, туку стратегија за претворање на безбедносните агенции во инструменти за политичка и етничка контрола, со што темелно се поткопуваат принципите на еднаквост и правична застапеност. Упатуваме итен повик до НАТО, Европската Унија и сите меѓународни фактори кои ги познаваат безбедносните динамики на Балканот, да интервенираат веднаш и да не дозволат ова чистење да помине во тишина.

Систематското исклучување на Албанците од безбедносните структури не е само удар врз една одредена заедница — тоа е директна закана за стабилноста, меѓуетничката кохезија и евроатлантската ориентација на Северна Македонија. Последиците од овој неодговорен пристап може да бидат драматични и постепено да го вратат длабокото недоверие меѓу Албанците и државата, а особено кон безбедносните структури. Ова е предупредување што не може да се игнорира. Време е за мудра и брза акција, за да се спречи враќањето на практиките од минатото кои произведоа само поделби, несигурност и дестабилизација, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он