Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници

Од:

Висок функционер на Хамас изјави дека има големи шанси да ослободат шест заложници во сабота, објавија денеска израелските медиуми.

„Преговорите се во тек, и тие зависат од цената што Израел е подготвен да ја плати“, изјави неименуван функционер на Хамас, објави Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека Хамас во моментов бара од Израел да се согласи да преговара за втората фаза од договорот за размена на заложници, како и да обезбеди гаранции за хуманитарни прашања и да дозволи испорака на мобилни домови и тешка градежна опрема во Газа.

Врз основа на постигнатиот договор, Хамас треба да ги предаде телата на четворица заложници во четврток, а тројца од нив да ослободи во сабота, но Израел инсистираше што поскоро да бидат ослободени поголем број заложници, со оглед на лошата физичка состојба на некои од ослободените во претходните недели.

Израел ќе започне преговори за втората фаза од договорот за прекин на огнот, вклучително и размена на израелски заложници за палестински затвореници, изјави министерот за надворешни работи Гидеон Саар, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Израел бара целосна демилитаризација на палестинската енклава.

Би можело да ве интересира

Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати

Иранците лансираа ракети кон Израел

Горан Наумовски

ИДФ: Повеќе од 80 авиони го нападнаа Иран, цел беа подземна фабрика за ракети и универзитет на ИРГК

Судири во Либан, најмалку 16 загинати: Израелската копнена операција предизвика борби во Наби Шит

Горан Наумовски

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“