Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

Од:

Стјуардесата В.В.(32) од Белград е една од тешко повредените во страшната авионска несреќа кога авион со кој управуваше американската компанија „Делта ерлајнс“ се преврте при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто, Канада.

Таа во несреќата е тешко повредена и се бори за живот.

Семејството на повредената стјуардеса е многу загрижено, а знаат само дека таа е во болница и е во критична состојба.

Според нив, В.В. била стјуардеса на летот 4819, кој имаше сериозен инцидент при слетувањето во Торонто.

“При превртувањето на авионот, нејзиното ребро го прободе белодробното ткиво, а таа сега е во состојба на медицински шок, без свест. Нејзината состојба е многу критична и се бори за живот. Само толку ни кажаа од болница, ништо друго не знаеме”, тврди за „Блиц” роднината на повредената стјуардеса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авионска несреќа во Монтана, две лица се полесно повредени

(ВИДЕО) Голема птица удри во патнички авион, избегната е голема несреќа

(ВИДЕО) Се урна борбен авион Ф-35, пилотот успешно се катапултираше

Горан Наумовски

Пожар во авион на „Американ ерлајнс“ во Денвер: Итна евакуација на 179 патници од „Боинг 737 МАКС“

(ВИДЕО) Никој не преживеа во падот на рускиот авион Антонов-24

(ВИДЕО) Мал авион падна на автопат во Италија, има мртви и повредени