Москва и Вашингтон се договорија да започнат процес за решавање на конфликтот во Украина

Од:

Москва и Вашингтон се договорија да започнат процес за решавање на конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров додаде дека Русија ќе назначи свој претставник откако Москва ќе добие информации за тоа кој ќе зборува во име на Вашингтон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио ја започнал средбата со подвлекување дека секоја земја мора да се води од желбата да го заштити својот национален интерес.

„Москва целосно се согласува со оваа позиција“, рече Лавров.

Лавров ги опиша разговорите како „многу корисни“:

„Не само што се слушавме, туку и се слушнавме. Имам причина да верувам дека американската страна сега подобро ја разбира нашата позиција“, рече тој.

„Русија и Соединетите Држави успеаја да ги решат најмалку сериозните проблеми во односите, вклучително и реципрочно назначување пратеници и отстранување на некои ограничувања за дипломатските мисии“, додаде Лавров.

Би можело да ве интересира

САД упатија предупредување до Русија

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Лавров: Судирот САД – Иран може да го запали Блискиот Исток

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

„Хјуман рајтс воч“: САД тонат во авторитаризам, демократијата се врати на нивото од 1985 година

(ВИДЕО) Американска ТВ водителка ги моли киднаперите да ѝ ја вратат мајката

Горан Наумовски