Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Од:

Лидерот на милитантната група Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека израелските војници мора целосно да се повлечат од либанската територија до 18 февруари, според договорот за прекин на огнот, и дека „нема оправдување“ за одржување на воено присуство во која било област во јужниот дел на земјата.

„Израел мора целосно да се повлече на 18 февруари, нема оправдувања, нема пет точки или други детали… ова е договорот“, рече Касем во видео изјавата, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека секое израелско воено присуство на либанска територија по 18 февруари ќе се смета за окупација.

„Сите знаат како се решава окупацијата“, рече Касем, кој не се закани експлицитно дека Хезболах ќе продолжи со нападите врз Израел.

Касем ја повика либанската влада да ја преиспита забраната за слетување на ирански авиони во Бејрут, откако одлуката беше донесена поради израелските обвинувања дека Техеран користи цивилни авиони за шверцување готовина во Бејрут за вооружување на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Шефот на Хезболах: Преговорите меѓу Либан и Израел мора да постигнат меѓусебна безбедност

А1он

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против Хезболах и Иран

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје

Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Катерина Ѓуровски