(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

Од:

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот откако обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД, потопувајќи патишта и домови и оставија стотици илјади луѓе без струја.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, потврди дека осум лица загинале во неговата држава, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми. Меѓу загинатите има мајка и нејзиното седумгодишно дете и 73-годишен маж.

„Жителите мора веднаш да се држат подалеку од поплавените патишта и да ја осигурат сопствената безбедност“, рече Бешеар на прес-конференција во неделата.

Уште една жртва била пријавена во Џорџија откако маж бил убиен во кревет од дрво кое паднало врз неговата куќа.

Кентаки, Џорџија, Алабама, Мисисипи, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија и Северна Каролина беа под некаков вид предупредување за невреме овој викенд, при што многу од тие држави веќе претрпеа сериозни штети од ураганот Хелен во септември.

Во неделата вечерта повеќе од 500.000 домаќинства останаа без струја, покажуваат податоците на порталот poweroutage.us.

Гувернерот Бешеар на платформата X објави дека повеќе од 300 патишта низ Кентаки биле затворени поради поплави. Тој потврди и дека испратил официјално барање до Белата куќа за прогласување на катастрофа и итна финансиска помош за погодените области.

Претседателот Доналд Трамп во неделата одобри декларација за катастрофа, дозволувајќи и на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да ги координира напорите за помош, и покрај претходните предлози за нејзино отповикување.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД