Зеленски: Соработуваме со САД, успехот „се чини можен“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски истакна дека имал добар телефонски разговор со Трамп пред Минхенската безбедносна конференција, а во Минхен се сретна и со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и со државниот секретар Марко Рубио.

Тој нагласи дека светот денес со посебно внимание гледа на Соединетите Американски Држави, препознавајќи ги како клучна сила која може да ги запре конфликтите и да обезбеди траен мир. Тој, исто така, откри дека Украина и САД работат заедно на подготовка на „специјален договор“ кој дополнително ќе ги зајакне односите меѓу двете земји, но не сакаше да открие повеќе детали.

„Почнавме соработка со тимот на претседателот Трамп и веќе чувствуваме дека успехот е можен. Сега целиот свет гледа на Соединетите Држави како на сила која не само што може да ја запре војната, туку и да обезбеди траен, стабилен мир по неа“, напиша Зеленски на Телеграм.

И покрај неговиот оптимизам, тој исто така предупреди на можните обиди на рускиот претседател Владимир Путин да манипулира со ситуацијата и да го продолжи конфликтот, нагласувајќи ја важноста од заедничка акција на Украина, САД и европските сојузници.

„Се разбира, Путин ќе продолжи со своите обиди да го измами светот и да ја продолжи војната. Но, вистинскиот мир е можен. И тоа мора да го постигнеме заедно – Украина, Соединетите Американски Држави и Европа“, рече украинскиот претседател.

Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски во интервју за Ен-Би-Си Њуз истакна дека на Украина ќе и биде „исклучително тешко“ да и се спротивстави на руската агресија на долг рок без американска помош. „Украина секогаш ќе се бори за својот опстанок“, истакна тој, „но без поддршката на Соединетите Американски Држави, нашите шанси за успех би биле значително помали“.

Би можело да ве интересира

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Го нарече диктатор без легитимитет ама сепак му понуди „подобрена“ верзија на договорот за минералите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

Зеленски има подобар рејтинг во Украина отколку Трамп во САД