Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Од:

Здружението на независни тенисери (PTPA), основано во 2020 година од Новак Ѓоковиќ, проговори за случајот со допингот на Јаник Синер.

Синер двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол во март минатата година, за да биде ослободен од обвиненијата од Тениската агенција за интегритет (ITIA) во август.

Во меѓувреме, Светската антидопинг агенција (ВАДА) повторно го отвори случајот, а Италијанецот на крајот се спогоди – и доби тримесечна суспензија до мај.

„Без разлика за кого навивате, сега се јасни неколку работи.

Овој „систем“ не е систем. Тоа е еден клуб. Наводната дискреција што се применува за секој случај е само покритие за вештачки скроени договори, нефер стандарди и неконзистентни пресуди.

Не се работи само за различни резултати за различни играчи. Станува збор за недостаток на транспарентност. Недостаток на процес. Недостаток на постојаност. Недостаток на кредибилитет во бескрајната низа агенции на кои им е доверено да го регулираат нашиот спорт и нашите спортисти. Гледаме недостаток на посветеност за реформирање и правење на системот фер и транспарентен кога станува збор за АТП, ВТА, Грен слемовите, ИТИА и ВАДА.

Пристрасноста е неприфатлива за секој спортист и покажува непочитување кон спортот и неговите навивачи. Време е за промена. „И ние сакаме да ја донесеме“, се вели во соопштението на PTPA.

По паузата Синер без проблем ќе може да настапи на следниот Грен слем турнир Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА