Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Од:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран поради двата позитивни допинг тестови од минатата година, одлучи денеска Светската антидопинг агенција (ВАДА), а после се, се огласи и Синер.

Италијанецот уште во март минатата година бил позитивен на два допинг тестови, а во телото било утврдено присуство на анаболичен андроген стероид клостебол.

Тој сега изјави дека ја прифаќа казната, бидејќи ги разбира строгите антидопинг правила и презема одговорност.

„Овој случај ми виси над глава речиси една година, а долгиот процес требаше да заврши со одлука можеби до крајот на годината. Отсекогаш прифаќав дека сум одговорен за мојот тим и ги разбирав ригидните правила на ВАДА, кои се од суштинско значење за заштита на спортот што го сакам. Врз основа на тоа, ја прифаќам понудата на ВАДА да го решиме ова со тримесечна одлука.

Оттогаш, на Синер му се суди , а на крајот беше одлучено да биде суспендиран на три месеци, што значи дека ќе пропушти некои важни турнири.

Поради суспензијата, Синер ќе го пропушти Мастерсот во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид и Рим, а ќе се врати непосредно пред почетокот на вториот Грен слем турнир во сезоната – Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Дејвид Бекам е првиот милијардер спортист во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Синер го израмни рекордот на Ѓоковиќ по број на последователни победи на Мастерс турнирите

Тежок пад на Марк Маркез во МотоГП, публиката во шок по страшниот инцидент во Ле Ман

(ВИДЕО) Навивачите му извикуваа „Меси“ на Роналдо од трибините, одговори на неочекуван начин

Јаник Синер го освои Мастерсот во Мадрид

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ