А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

by А1он14/02/2025 - 21:40220
Share0

Властите во Калифорнија издадоа предупредување за невреме кое се заканува да донесе обилни врнежи, силен ветер и поплави во областите кои неодамна беа погодени од шумски пожари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Поради тоа, на граѓаните им беа поделени вреќи со песок, распоредени се чамци за спасување, а на граѓаните им беше препорачано да подготват вреќи со најпотребните предмети, пренесува АП.

Во меѓувреме, градот Портланд им нареди на комуналните претпријатија да ги премачкаат улиците со 2.000 галони течен агенс за одмрзнување, додека официјалните лица во Орегон и Ајдахо отворија засолништа за итни случаи.

Во Јужна Калифорнија се предвидуваа околу 15 сантиметри дожд во планините и околу 7,6 сантиметри во крајбрежните области и долините.

Следете a1on на Youtube YouTube

Хидрологот на Националната метеоролошка служба Брент Бауер вели дека силните ветрови можат да соборат дрвја, да предизвикаат прекини на електричната енергија и да ги одложат летовите.

Издадено е предупредување за евакуација во кањонот Мандевил и другите области уништени од пожарот во Палисад, најразорниот пожар во историјата на Лос Анџелес.

Училиштата во Малибу денеска ќе бидат затворени.

Дождот уследи по бурите кои донесоа обилни снежни врнежи и дожд во источниот дел на Соединетите држави од Кентаки до Вашингтон, предизвикувајќи стотици сообраќајни несреќи, прекин на електричната енергија и зголемен ризик од поплави.

Околу 7.000 летови беа откажани или одложени низ САД во средата, вклучувајќи ги и летовите од аеродромите во Вашингтон.

Во Вирџинија, каде е прогласена вонредна состојба, полицијата во вторникот и средата пријавила околу 850 несреќи, во кои се повредени десетици луѓе, во Мериленд биле пријавени 235 несреќи, а во јужниот дел на Западна Вирџинија главните патишта биле привремено затворени поради сообраќајни несреќи.

kalifornijapoplavisnezno nevreme

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он10/09/2026 - 20:5610/09/2026 - 21:15

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он04/09/2026 - 09:1104/09/2026 - 10:50

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Горан Наумовски27/08/2026 - 14:18

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:1506/08/2026 - 19:28

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он21/02/2026 - 15:3021/02/2026 - 15:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео