Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во вторникот дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп прави „погрешни пресметки“ во однос на Појасот Газа, додавајќи дека конфликтите на Блискиот Исток се влошуваат поради „слушањето на ционистичките лаги од страна на Вашингтон“.

– За жал, Соединетите Држави прават погрешна пресметка за нашиот регион. Не треба да се впуштаме во пристап кој ја игнорира историјата, вредностите и акумулацијата на регионот, рече Ердоган.

Ердоган рече дека очекува Трамп да ги исполни предизборните ветувања за преземање чекори за мир, а не да создава нови конфликти, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател рече дека не гледа вистински знаци за прекин на огнот во Газа и покрај договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, додавајќи дека муслиманскиот свет сè уште не е во можност да преземе колективен чекор по ова прашање.

Турција го отфрли планот на Трамп да отстрани повеќе од два милиони Палестинци од Појасот Газа, да ја преземе палестинската енклава и да ја претвори во „Ривиера на Блискиот Исток“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина