ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Од:

Шефицата за дипломатија на ЕУ, Каја Калас, вели дека не е „добра тактика“ да се попушти пред руските барања пред да почнат преговорите за мировниот договор.

Говорејќи во Брисел, Каја Калас вели дека Европа и Украина треба да бидат вклучени во какви било мировни преговори за да успее договорот и дека Украина ќе продолжи да ја добива нивната поддршка дури и ако го отфрли договорот постигнат меѓу Русија и САД, пренесува Ројтерс.

Претходно во текот на денот, Калас – кој е и потпретседател на Европската комисија – се сретна со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој вели дека ја уверил дека „Украинците стојат цврсто и нема да се откажат“.

„Европа, исто така, ќе остане силна и ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Масовен напад во Одеса, најмалку осум лица се повредени

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Зеленски: Путин и натаму сака да ја продолжи војната

Петти ден без прекин: Руски дронови повторно го нападнаа Киев

Во украинските напади врз Белгородската област загина цивил, 16 лица се повредени

(ВИДЕО) Украина го нападна Белгород: Двајца загинаа, а 16 лица се повредени

Горан Наумовски