Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување и остро ги осудува најновите изјави на премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Овие изјави, според бугарската страна, ја искривуваат реалноста и ги поткопуваат напорите за добрососедски односи и европска интеграција.

Во соопштението се нагласува дека прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија не е билатерален спор, туку прашање што се однесува на европските вредности и стандарди. Напредокот во евроинтеграциите, според Бугарија, е можен само доколку Северна Македонија целосно го спроведе Европскиот консензус договорен од Советот на ЕУ во 2022 година, кој вклучува и измени на македонскиот Устав.

Бугарското МНР потсетува дека голем број граѓани на Северна Македонија стекнале бугарско државјанство, прифаќајќи бугарски корени и идентитет.

На крај, Министерството ги повикува македонските власти да се воздржат од реторика што создава поделби и омраза и да се фокусираат на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, вклучително и заштитата на правата на сите етнички заедници во земјата. Бугарија смета дека само преку искрен дијалог и взаемна почит е можен заеднички напредок во рамките на обединета Европа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски