Фетаи: Одлуката на Основниот суд Тетово е чист пример на заробена правда

Од:

„Одлуката на Основниот суд во Тетово, која се обидува на ДУИ да му ја подари Алијансата за Албанците, е чист пример за политичко заробување на правдата. Ова е чист чин на партиско судство кое се обидува да манипулира со волјата на граѓаните и една политичка партија да ја претвори во воен плен на Али Ахмети. Испраќаме јасна порака до судијата Илир Реџепи и кланот на Зијадин Села: вашиот обид за криумчарење на Алијансата за Албанците, ќе пропадне“.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, од крилото на АА на Арбен Таравари.

– АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците. Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде не свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето. Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи. За состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации. Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски, изјави Фетаи.

„Оваа политичка одлука, стои во соопштението, на судијата Реџепи уште повеќе не мотивира за вршење длабоки реформи во правосудството. Иницијативите за разрешување на главниот обвинител и на петте членови на Судскиот совет се важни чекори кон воспоставување на владеење на правото и интензивирање на борбата против криминалот и корупцијата. Против судијата Реџепи ќе биде поведена постапка за отчетност. Правдата нема да остане заложник на политички пазарења“ – се вели во соопштението од крилото на АА на Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Фетаи: Младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на мајсторот на казиното, Артан Груби

А1он

Фетаи: Смртната закана кон мене е одраз на поларизацијата во општеството

А1он

Фетаи: Важно е да се донесе Законот за правична застапеност, меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија

Левица: Вицепремиерот Фетаи се вози на партиски настан со службено возило, ДПМНЕ и ЗНАМ молчат

Катерина Ѓуровски

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски