ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Од:

Во заедничката изјава за неодамнешните избори во Косово, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување Марта Кос, рекоа дека од Приштина се очекува да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за Патоказот за нормализација на односите, како и од сите претходни договори „и неусловени од дијалогот“.

„Нема алтернатива за дијалогот предводен од ЕУ“, нагласија Калас и Кос, додавајќи дека напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува на нејзиниот европски пат.

Калас и Кос ги повикаа властите во Приштина да се вклучат во одговорна регионална соработка и да ги интензивираат своите напори за зајакнување на владеењето на правото и јавната администрација и заштита на слободата на изразување.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он