Обвинителството бара притвор за дилер на дрога од Капиштец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори.

Откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице купил хероин и марихуана, тој заради продажба ги држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата „Васил Ѓоргов” во Скопје.

На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници.

Би можело да ве интересира

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Паднато дрво го блокираше влезот на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД