Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Од:

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина со украински пилоти кои поминаа неколкумесечна обука во Франција, објави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на социјалната мрежа Х.

Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон најави дека неговата земја ќе испрати борбени авиони Мираж 2000 во Украина, а Украинците ќе бидат обучени во Франција да управуваат со овие авиони.

Пред состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во јуни минатата година, Макрон исто така изјави дека Украинците ќе поминат обука во Франција за летање со овие авиони, во траење од пет до шест месеци, почнувајќи од летото.

Би можело да ве интересира

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Вонредна состојба во Франција поради екстремна топлина

А1он

„Црвена тревога“ во девет департмани во Франција

Дрон се урна во рафинерија за нафта во Краснодарската област и предизвика пожар

Ројтерс: Путин се подготвува за ескалација на војната во Украина

Француските фудбалери се првите полуфиналисти на Светското првенство