Продолжува потрагата по Миле Тодоров, исчезнат е веќе осум дена

Од:

Неготинецот Миле Тодоров е исчезнат веќе осум дена и по него прдолжува потрагата која ја спорведуваат и институциите, но и неговите блиски и пријателите. Тој исчезна на 30. јануари. Неговиот телефон беше пронајден во близина на реката Луда Мара.

Во потрагата учествува полицијата, нуркачи, кучиња трагачи, доброволци, се бара со дронови, а беше ангажиран и хеликоптер. Дел од блиските ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но засега нема трага од момчето.

Тодоров дал отказ на работа во Кавадарци и тргнал пешки кон Неготино. Кај Марена му се губи трагата.

Во моментот на исчезнувањето, Миле бил облечен во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Висок е висок 185 цм.

Доколку имате било какви информации за Миле Тодоров, јавете се на полицијата веднаш или на следниве броеви: 078/909-481 и 075/691-727.

Би можело да ве интересира

Четири дена нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино

Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

Пресуда на 2 април за обвинетите за грабнување: Каде е исчезнатиот Самоил Костадиновски?

МВР потврди: исчезнатиот Александар пронајден мртов, ќе се испитува како починал

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата во Старо Нагоричане го пронајде исчезнатиот кумановец