СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

Од:

Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Премиерот со луксузни саати од 60.000 евра и луксузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере. Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби, велат од СДСМ.

„Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат. Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат. Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати. Затоа, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ