Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина

Од:

Висок руски функционер остро ја критикуваше сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да обезбеди воена помош за Украина во замена за пристап до нејзините вредни минерални ресурси.

„Да се ​​каже отворено, ова е предлог за купување помош – со други зборови, не се работи за давање помош безусловно или од други причини, туку конкретно на комерцијална основа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, би било подобро помошта воопшто да не била обезбедена, бидејќи тоа би придонело за ставање крај на овој конфликт“, додаде тој.

Трамп вчера објави дека „бара начин да склучи договор со Украина“ според кој САД ќе пружат воена помош во војната во замена за украинските „ретки метали“.

„Инвестираме стотици милијарди долари. Тие имаат одлични ретки метали, а јас сакам безбедност на ретки метали“, рече тој во Вашингтон, додавајќи дека Украина е „подготвена да го направи тоа“.

Украина сè уште не го коментираше предлогот на Трамп, но споделувањето ресурси со сојузниците е дел од „планот за победа“ на претседателот Володимир Зеленски.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го критикуваше предлогот на Трамп, нарекувајќи го „многу егоцентричен, многу себичен“ и тврдејќи дека на Украина ќе и требаат нејзините природни ресурси за финансирање на реконструкцијата по војната.

Би можело да ве интересира

Техеран со остар одговор за нападот од Украина: „Овој авантуризам ќе има последици“

Предраг Петровиќ

Русите нападнаа изложба на оружје во близина на Киев, има мртви и ранети

Украинците повторно ги напаѓаат магацините на „рускиот Амазон“, пожари во Ленинградската област

(ВИДЕО) Најмалку 18 повредени во напад врз Запорожје

Горан Наумовски

Рубио по средбата со Лавров: САД се подготвени да понудат нови идеи за мир во Украина

Санкт Петербург: Украински агент со бомба уапсен во метро