Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

Од:

Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП.

Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. Оваа одлука доаѓа како одговор на американските царини наметнати од претседателот Доналд Трамп, кои стапија на сила утрово.

Тарифата од 10 отсто наредена од Трамп за Кина стапи на сила денеска, иако тој планираше да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг во следните неколку дена во обид да ги намали тензиите меѓу двете најголеми светски економии.

Покрај тарифните мерки, кинеската државна управа за регулирање на пазарот објави дека го испитува Google за сомневање за прекршување на антимонополските закони. Иако во соопштението конкретно не се споменува наметнување тарифи за технолошки производи, најавата дојде само неколку минути откако американските царини од 10 отсто требаше да стапат на сила.

Трамп синоќа го одложи воведувањето тарифи за Мексико и Канада, а се заканува и со царини за Европската унија.

Би можело да ве интересира

Трамп за договорот меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

Горан Наумовски

Трамп го нервира поместувањето од летно на зимско време: Доста е овој апсурд

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

„Телеграф“: Се истражува наводното кинеско финансирање на пропалестинските протести во Велика Британија

Трамп: Јас само ги следам упатствата на Тајната служба и војската

Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата на САД