Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид

Од:

Високиот функционер на Советот на Руската Федерација Владимир Џабаров вели дека планот на Трамп за решавање на конфликтот во Украина за 100 дена, кој беше објавен во американските медиуми, не ја зема предвид позицијата на Москва.

„Не треба сериозно да се сфатат бројните гласини во западните медиуми во врска со решавањето на украинскиот конфликт, вклучително и наводниот документ на Трамп објавен од американските медиуми, кој зборува за временска рамка од 100 дена“, изјави Џабаров .

Според Џабаров, овој план воопшто не ја зема предвид позицијата на Русија, туку напротив, претпоставува натамошна вооружена поддршка за режимот во Киев, без меѓународно признавање на уставните територии на Русија.

Како што додаде, позицијата на Трамп ќе се знае подоцна, а малку е веројатно дека тој ќе биде значително под влијание на дезинформациите од западните медиуми.

Џабаров истакна дека најважно за Русија е да ги брани условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин, а не да бара разбирање од САД.

Би можело да ве интересира

Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва

Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

Кремљ: Велика Британија долева масло на огнот во украинскиот конфликт

Трамп: Иран доживува целосен колапс

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез

Иранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари

Горан Наумовски